Силен земјотрес ја погоди источна Турција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди источна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од осум километри, додава EMSC. Епицентарот на земјотресот бил на 32 километри југоисточно од градот Малатија, каде живеат повеќе од 400.000 жители.