
Силен земјотрес ја погоди централна Етиопија
Земјотрес од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа на централна Етиопија. Епицентарот на земјотресот е недалеку од Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC, е на длабочина од околу 25 километри под земја. Се уште нема извештаи за материјална штета или повредени.