
Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Најмалку едно лице загина, 13 се повредени, куќи уништени
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во земјотресот што денеска го погоди централниот дел на Јапонија.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри во префектурата Ишикава.
Јапонската метеоролошка агенција извести дека земјотресот бил со јачина од 6,5 степени и се случил на длабочина од 12 километри.
Според градските власти на Сузу, најмалку едно лице загинало, а 13 се повредени во тој град. Тој рече дека се оштетени шест куќи и дека дождот може да создаде одрони и да предизвика нови штети.