
Силен земјотрес ја погоди Јапонија
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Кагошима, на југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Засега не е издадено предупредување за цунами, објави новинската агенција Кјодо.
