
Силен пожар во Кривогаштани, хеликоптерот подготвен но нема дозвола за летање поради доаѓањето на невреме!
Околу 14.00 часот изби силен пожар на територијата на Општина Кривогаштани, помеѓу с. Подвис и с. Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево. Хеликоптер на МВР е подготвен за полетување кон пожарот но поради невремето кое се приближува до Скопје нема дозвола за полетување.
