
Силен пожар кај Кривогаштани, хеликоптер на МВР подготвен во нема дозвола за полетување поради невреме кое доаѓа во Скопје
Околу 14.00 часот изби силен пожар на територијата на Општина Кривогаштани, помеѓу с. Подвис и с. Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево. Хеликоптер на МВР е подготвен за полетување кон пожарот но поради невремето кое се приближува до Скопје нема дозвола за полетување.
