Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска: Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула
Македонија

Силјановска: Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула

27/04/2024

AA

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова денеска беше во Вевчани, каде што оствари средба со граѓани, а во своето обраќање таа порача дека народот не може да се излаже!

„Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата! Вевчани е гордо! Таа гордост, вие вевчанци, ја пренесувате низ генерациите. И кога се одржува Вевчанскиот карневал, вие умеете преку маските и театарот да докажете дека со микроскопска прецизност ја анализирате и критикувате власта, мислам дека нема човек во Македонија кој не е горд на вас!“, вели Силјановска Давкова.

Таа додава дека предвидела оти на 8 мај ќе има политички вулкан.

„Не зашто сакам вулкани, туку затоа што како професорка можам да предвидам извесни состојби. Таа состојба ја гледам, каде и да одам има реки на народ! Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, бидејќи сигурно има причина, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула. Народот не можете да го излажете, ви дал еднаш шанса, рече таа. Не можете да барате уставни измени, за сега да почнете преговори, а велите сте ги отвориле преговорите. Во суштина не сте ги започнале“, порача Силјановска Давкова.

Таа порача дека ставот мора да извира од консензусот внатре во државата.

„Учењето е многу добра работа, можеме да учиме или треба да учиме и од соседите од Грција, Бугарија… Било која власт кога ќе дојде таму, велат дека тие се должни да ја почитуваат Декларацијата на парламентот. Претседателот мора да има конзистентен став, не може еднаш да речете дека не сте ја виделе преговарачката рамка, вторпат да речете дека не ја прифаќате, третпат да речете дека сте учествувале во нејзино креирање. Не смеете да се негирате себеси оти ако застапувате 3 различни става во еден кус период, тогаш вие нема да бидете почитувани. Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата. Промената на власта е битна за да се спречи гневот. Со Грците имаме проблеми, но имаат еден убав збор се вика „тимос“ – потреба за признание. Кога правите нешто добро и вредно очекувате признание, ако не доаѓа тоа станувате гневни. Гневот се истури на изборите, ама луѓето од власта тоа не можат да го видат“, вели Силјановска Давкова.

Таа го спомена и судството за кое вели дека е во тешка криза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy