Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска: Ми префрлаат за возраста, но таа значи мудрост! Ќе победам!
Македонија

Силјановска: Ми префрлаат за возраста, но таа значи мудрост! Ќе победам!

15/04/2024

AA

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва во обраќање на митинг во Прилеп истакна дека секогаш кога се интонира химната човек го анализира секој збор, зашто таму има многу што да се каже.

„Во химната се вели дека се раѓа нов ден. А Прилеп заслужува зазорување зашто е град на кој сите сме горди. Кога се соочувам со проблеми ми текнува дека прилепчани се главни со смислата за хумор и со смислата за живот кои ми даваат енергија“, порача Силјановска Давкова.

Како реплика кон еден од противкандидите, Силјановска Давкова рече дека бидејќи се повикува на стратешкиот партнер, ќе му каже една анегдота: „Роналд Реган во една прилика вели: Ми зборувате за мојата старост, но јас нема да зборувам за вашата младост, ама ќе победам“.

Силјановска Давкова порача дека во антиката возраста значела и мудрост.

„Се е во ред со мене и физички и психички. И подготвена сум за дебата, ама никако да се согласат за дебата пред одговорни новинари“, рече Силјановска Давкова.

Според неа, во земјава многу се зборува за владеењето на правото и оценува дека во Македонија има „владеење на конзули“, односно како што додаде, има владеење на недемократи, што е голем проблем за државата.

„Затоа оценката на Фридом хаус е дека имаме цикличен режим, режим што се врти во круг. Затоа ни се случува најголема сиромаштија, смртност, партизирано судство, Уставен суд кој не ги штити законите, абнормален број на факултети кои печатат дипломи одкаде имаме вработувања во државните институции кои го кршат костурот на државата. Кога нема мерит систем, кога не доаѓаат најспособните на важни места, добивате лица кои аздисуваат без знаење и стручност. Тоа се луѓе кои ве убедуваат дека се тука заради вас. И ви велат дека застапуваат европски стандарди. Затоа велам дека сум горда на Прилеп, а наскоро ќе се слават 80 години од АСНОМ, од Ченто. Затоа, треба да се стори нешто. Што треба да сторам јас? Тоа што не го стори актуелниот претседател“, рече Силјановска Давкова.

Таа најавува дека преку народни канцеларии на претседателот постојано ќе се консултира со народот.

„Нема да викаме ‘претседателот е наш’, како што велат, туку претседателот е на граѓаните, на народот. Колку пати сте го виделе во Собранието? Јас само неколку пати. Претседателот требаше да биде меѓу пратениците кога се носеа важните политички одлуки, како за тие договорите со соседите, а не дојде, па нас не обвинија дека ги кочиме процесите на интеграција. Од заложбите за ЕУ нема интеграција. Тие некаат ниту еден европски стандард“, нагласи таа.

Сиљановска Давкова се заложи и за поголемо учество на жените во Армијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy