
Силјановска Давкова учествува на 80. Генерално собрание на ОН во Њујорк
Претседателката Гордана Силјановска Давкова од денеска учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
„На состанокот на високо ниво посветен на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на ОН, се потсетивме на постигнувањата на светската организација во изминатите осум децении на патот кон поинклузивен и поодговорен мултилатерален систем.
Крајно време е, на овој јубилеј, да покажеме колективна подготвеност да се навратиме и да го оживееме „духот на Сан Франциско“ каде во 1945 година беше потпишана Повелбата на ОН.
Без доследна примена на основните принципи и начела вградени во неа, невозможно е остварувањето на идеалите на мирот, праведноста и напредокот“, вели претседателката Гордана Силјановска Давкова во објава на профилот на мрежата Икс.

