![Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240524200818-jpg.webp)
Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска во Рим на средбата со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела побарала гаранции за европската иднина на државата.
-Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане зад нас се разбира и во барањето на решенија со соседите, изјави Сиљановска Давкова по средбата со Матарела.
Силјановска Давкова таа средба ја оцени како плодна и конструктивна и дека Италија ќе продолжи да го поддржува регионот. Таа истакна дека на средбата ја импресионирало тоа што Матарела покажал длабоко разбирање за направените жртви на земјава во процесот на евроитеграциите.
– Напомена дека во моментов не може да зборуваме дека има големи и мали држави во ЕУ, дека сите се мали и дека сите имаат потреба едни од други. Постигнавме согласност дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како од оние што се внатре, рече Сиљановска Давкова.
Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај.