Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска Давкова: Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше
Македонија

Силјановска Давкова: Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше

25/04/2024

AA

Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача денеска на гласачите Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за претседателските избори.

-Ако се познава денот по утрото, а мислам на вчерашното утро, тогаш дојде нешто што јас на последниот ден од митингот го нареков – дојде време, дојде час да си замине оваа власт. Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат и знаат да си го искористат избирачкото право. Ако победам, а мислам дека сигурно ќе влезам во вториот изборен круг, сметам дека она што го видов од вчерашните резултати е добар граѓански показател, изјави Силјановска Давкова.

Им посака успех на сите, но додаде дека системот е чуден и дека сме ретка земја во која во вториот круг на претседателските избори има изборен праг од дури 40 отсто во парламентарен систем.

-Мислам дека на следните избори треба да ја примениме препораката на Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР за отстранување на изборниот праг од 40 отсто во вториот изборен круг. Тоа е праг што бара не само преговори и разговори, туку овозможува уцени и пазари, а јас сум против пазарна политика, порача Силјановска Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници

27/01/2026
Македонија

Петмина кандидати во трка за нов државен обвинител!

27/01/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот

27/01/2026
Македонија

912 ПАКУВАЊА СО ТОКСИН ВЕЌЕ СЕ ПРОДАДЕНИ Родители, веднаш вратете

27/01/2026
Македонија

Се тестираат камерите: Затворен за сообраќај во една насока автопатот

27/01/2026
Македонија

„Сејф сити“ пред Уставен суд: Оформени два предмети!

27/01/2026
Македонија

Итно се повлекува формула за доенчиња во Македонија, еве за

27/01/2026
Македонија

И се заканувал на поранешната девојка дека ќе објави компромитирачки

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40679
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници добиле пораки за пријавување ДДВ

27/01/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите надлежности со цел даночните обврзници непречено да ги

Петмина кандидати во трка за нов државен обвинител!

27/01/2026

Идната недела Собраниската комисија за избори и именувања се очекува да ја утврди листата на кандидати за нов државен обвинител.

Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот

27/01/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy