Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска Давкова: Мора да имаме уставен патриотизам, да ги почитуваме основните одредби на Уставот
Македонија

Силјановска Давкова: Мора да имаме уставен патриотизам, да ги почитуваме основните одредби на Уставот

16/04/2024

AA

Мора да имаме уставен патриотизам. Мора да ги почитуваме основните одредби на Уставот, а особено Преамбулата тоа е едно мало текстче што му претходи на Уставот, ама тоа е филозофијата на Уставот, тоа е македонската уставно правна меморија. И вие не можете да менувате факти како оние од АСНОМ или како оние како се создавала македонската држава, што се случувало на 8 септември. Не можете од тоа да бегате. Зошто, инаку, никој тоа не го прави. Ако само вие го правите, сите ќе ви се чудат и нема да ве почитуваат, порача Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од вечерашниот митинг во Гевгелија.

Таа додаде дека сите уставни измени или најголемиот дел од уставните измени до сега не се направени заради Македонија како функцинална и демократска држава, бидејќи има многу проблематични решенија во Уставот, што треба да се изменат.

-Затоа добро треба да се размисли пред секоја уставна измена. Треба да се трага по консензус и бидејќи сите сега велат дека треба уставни измени, јас еве да кажам, да, потребни се уставни изменни, ама не за преправање на преамбулата и правење од неа телефонски именик и редење на сите можни соседи, бидјеќи тоа никој не го прави, таму има други, туку за да имаме вистинска поделба на власта, за да ги утврдиме добро ингеренциите, за да утврдиме на пример, како ќе се дава мандатот за состав на влада, бидејќи сме имале проблеми, подвлече Силјановска Давкова.

Додаде дека треба еден експертски тим којшто ќе ги проучи недостатоците на Уставот и не од ден за ден, туку да подготви една поинаква уставна рамка.

-Велат, ние сме биле, односно јас сум велела дека ни треба граѓански устав и со тоа ќе сум ги заборавела Македонците. Местото на Македонците, на создавањето на македонската држава на растењето на македонската држава, е во преамбулата. И секој од вас да знае дека покрај сите промени што ги направија спротивно на народната волја има еден член 36, дека кон сите што се бореле низ историјата за независноста на Македонија оваа држава ќе има и Македонија се пишува, оваа држава ќе има посебен однос, рече Силјановска Давкова.

Праша дали таков однос имаат тие кон оние од Илинден или оние од АСНОМ. Не го гледам, вели таа посочувајќи дека „не само што ги заборавија, туку ги негираа“.

-Немаат право на тоа.Тие нас не направија горди, а овие нас не прават да немаме почит односно тие немаат почит и ги прават жртвите да не бидат горди на нас, рече Силјановска Давкова. Тоа мора да се смени, потенцираше претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

На митингот во Гевгелија говореше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека на Македонија и треба претседател, а не, како што рече, измеќар на ДУИ.

-Затоа овие избори се и за тоа да си ја вратиме Македонија во рацете на народот. Промените се во ваши раце, за Македонија да биде повторно твоја, повторно ваша. Македонија мора да ја направиме горда. Или тие од власта или народот. Или нивна или наша заедничка, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека 24 април е одговорот. И цврсто е уверен дека ќе им се случи народ. Затоа што предолго го потценувале и газеле. Затоа што предолго го потргнувале настрана и правеле место единствено за нивните од власта.

На вечерашниот митинг во Гевгелија говореше и носителот на пратеничката листа во четвртата изборна единица, Александар Николоски, а претходно беше одржан митинг во Валандово, каде кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова се сретна со поранешениот претседател Ѓорге Иванов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy