Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска Давкова: Кога претставниците на претседателот во Судски совет би биле врв во правната професија, тогаш луѓето би го доживувале бранител на нивните слободи и права
Македонија

Силјановска Давкова: Кога претставниците на претседателот во Судски совет би биле врв во правната професија, тогаш луѓето би го доживувале бранител на нивните слободи и права

05/04/2024

AA

Вечерва, 05.04.2024 (петок), изборниот караван на претседателскиот кандидат професор д-р Гордана Силјановска – Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Струга.

Во својот говор Професорката Силјановска Давкова се запраша:

“Што може да стори претседателот или претседателката за судот? Многу … Има таму еден орган кој што се нарекува Судски совет, ама повеќе е партиско или политичко тело одошто е независно судско тело кое треба да внимава за квалитетот на судиите кое треба да ги разрешува судиите кога нема да бидат квалитетни и кога нема да се водат според принципот на уставноста и законитоста. И, замислете! Се сеќавате ли за кого беа врзани сите скандали во ова тело? За претседателката, за потпретседателот, првата беше член на партиската комисија за право на СДСМ, а вториот беше, исто така, член на ДУИ. Наместо театар на апсурдот, наместо граѓаните да имаат страв од таканаречениот Судски совет, кога двајцата претставници на претседателот, на претседателката би биле врв во правната професија, во правната етика, тогаш луѓето би го доживувале судот како бранител на нивните слободи и права. Забележете и запомнете, моите претставници во Судскиот совет ќе бидат врвни правници, персонификација на правото и правдата, а не на партиската послушност.

Во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката. Тие треба да бидат врвот во правната професија, да го имаат угледот, да зрачат со достоинство и знаење. Тогаш Македонија ќе биде горда на Уставниот суд кој што во многу држави е еден од најважните фактори на демократизацијата на политичкиот систем.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy