
Си извадил пари со картичката на поранешната снаа, тетовец си доби кривична!
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(60) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање на чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.
Пријавениот, на 05.06.2023 и 12.06.2023, од банкомат подигнал вкупно 19.500 денари од платежна картичка на неговата поранешна снаа без нејзино знаење.