
Си добил нова возачка дозвола откако пријавил дека ја изгубил, полицијата откри дека му ја одзеле во Германија!
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Т. (39) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.
Пријавениот се стекнал со две возачки дозволи на тој начин што дал лажен исказ, во кој изјавил дека возачката дозвола ја има загубено, а не дека му била одземена во Сојузна Република Германија поради сторен прекршок.
