
Сиљановска му честиташе на Милановиќ за победата
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска преку своите социјални медиуми упати честитка до хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за победата.
„Упатувам искрени честитки до Зоран Милановиќ по повод неговиот реизбор за претседател на Република Хрватска, посакувајќи му натамошен успех во извршувањето на должноста, напредок на земјата и благосостојба на пријателскиот хрватски народ“, напиша Сиљановска Давкова.