
Сиљановска го назначи Сашко Лафчиски за началник на генералштабот на армијата
Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова го унапреди бригадниот генерал Сашко Лафчиски во генерал-мајор и го постави за началник на генералштабот на армијата, соопштија од нејзиниот кабинет. Од таму додаваат дека поради истек на мандат е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој е поставен за советник на началникот на генералштабот за борбена готовност и операции. […]
