Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска ги посети повредените од пожарот кои се лекуваат во Софија
Македонија

Сиљановска ги посети повредените од пожарот кои се лекуваат во Софија

03/04/2025

AA

Во Софија денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов”.

Во Бугарија вкупно се наоѓаат 14 пациенти, од кои девет се во болницата „Пирогов“, сите се екстубирани и оперирани, кај некои е извршена трансплантација на кожа. Една пациентка се лекува амбулантски со преврски.

Пациентите имаат психолошка поддршка и кај сите се продолжува со третман на изгорениците.

Тројца пациенти се хоспитализирани во Военомедицинскиот центар во Варна во добра општа состојба и во болницата „Св Ѓорѓи“ во Пловдив е хоспитализиран еден пациент.

Сиљановска-Давкова денеска и утре престојува во работна посета на Бугарија, каде што ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.

За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со шефот на бугарската држава  Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy