Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска до Спиропали: Македонскиот пат кон ЕУ стана „исцрпувачки маратон“ – билатерализацијата е опасен преседан
Македонија

Сиљановска до Спиропали: Македонскиот пат кон ЕУ стана „исцрпувачки маратон“ – билатерализацијата е опасен преседан

22/12/2025

AA

„По 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес стана исцрпувачки маратон со постојано одложување на целта“. Оваа порака ја испрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со албанската министерка за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета на Скопје.

На средбата, која помина во знакот на добрососедските односи и заедничката европска иднина, двајцата соговорници заклучија дека регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување.

Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во преговорите, истакнувајќи дека успехот на секој сосед е добар за целиот регион. Сепак таа беше децидна во ставот дека процесот мора да се базира на реални критериуми.

Албанската министерка Спиропали изрази силна поддршка за македонските евроинтеграции, нагласувајќи дека Западниот Балкан дели исти вредности и треба заеднички да чекори кон европското семејство.

Освен високата политика, тема на разговор беа и конкретните инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат двете земји. Посебен акцент беше ставен на Коридорот 8, при што беше поздравена јасно дефинираната временска рамка во трилатералниот меморандум меѓу Македонија, Албанија и Бугарија.

За да се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнисот, договорено е да се забрза воведувањето на системот „One Stop Shop“ (едно застанување) на сите гранични премини, што ќе овозможи брза заедничка контрола.

Соговорничките се согласија дека правата на малцинските заедници се мост за поврзување и додадена вредност во одличните македонско-албански односи, кои продолжуваат и преку сојузништвото во НАТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy