Сиљановска Давкова: Сквернавењето на македонското знаме го нарушува заедништвото и поттикнува тензии
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ги осуди вчерашните инциденти во Скопје каде при прослава на Денот на албанското знаме, беше скинато па запалено македонското знаме. „Најостро ги осудувам синоќешните инциденти, при што беше сквернавено македонското државно знаме. Чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани […]