Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување
Македонија

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

01/12/2025

AA

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.

Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 – 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Според неа, програми за психосоцијален третман, треба да се спроведуваат не само со жртвите, туку и со сторителите.

Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.

Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.

Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.

Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицид расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.

Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.

На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.

Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и

03/03/2026
Македонија

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал

03/03/2026
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42157
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и во Иран

03/03/2026

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во Тетово и во околината, информира Европскиот

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал мигранти

03/03/2026

На 02.03.2026 во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy