Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе се решава судбината на судијките кои на „Телеком“ му пресудија штета од 4 милиони евра врз основа на „фалсификувани записници“
Македонија

Ќе се решава судбината на судијките кои на „Телеком“ му пресудија штета од 4 милиони евра врз основа на „фалсификувани записници“

01/12/2025

AA

Судскиот совет за оваа среда закажа седница која може да биде пресудна за расчистување на еден од најголемите правосудни скандали во поново време. На дневен ред, меѓу седумте точки, се наоѓа и постапувањето по решенијата на Врховниот суд, а иако не е експлицитно наведено, изворите упатуваат дека станува збор за контроверзниот предмет „Телеком-Фокус нет“. Ова е случајот поради кој Судскиот совет веќе еднаш донесе одлука за разрешување на судијки од Апелациониот суд, поради утврдени тешки законски повреди и фалсификување службени исправи.

Во среда ќе се знае дали највисокото судско тело ќе успее да ја потврди својата претходна одлука и да стави точка на случајот во кој државниот буџет беше потенцијално оштетен за милионски суми.

Предметот се однесува на тројца судии од Апелациониот суд, чии одлуки предизвикаа земјотрес во правосудството:

Трите судијки го искористија правото на жалба до Врховниот суд. За две од трите жалби веќе се одржаа седници, по што предметот сега е вратен на повторно одлучување пред Републичкиот судски совет.

Она што го прави овој случај специфичен се наодите на Судскиот совет, кои беа јавно презентирани. Утврдено е дека при постапувањето по жалбата во Апелација, биле направени кардинални прекршувања:

Спорната одлука на Апелација беше донесена во јули 2024 година, непосредно пред почетокот на судската ферија – тајминг кој често се користи за „протнување“ на контроверзни одлуки.

Со оваа пресуда, „Македонски Телеком“ беше задолжен да плати отштета од вртоглави 4 милиони евра на фирмата „Фокус нет“.

Деталите за фирмата-тужител отвораат дополнителни сомнежи:

За потсетување, во првостепената постапка, Граѓанскиот суд во Скопје пресудил во корист на Телеком, токму поради овие аргументи.

Случајот ги надмина границите на судството и стана предмет на кривична истрага. Основното јавно обвинителство (ОЈО) отвори истрага откако вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, го испрати предметот на разгледување, алармирајќи за криминал.

Државата има директен интерес во овој случај бидејќи поседува удел од 35% во „Телеком“. Исплатата на 4 милиони евра отштета би значела директен удар врз дивидендата што се влева во државниот буџет.

Поради сериозните индиции за криминал, Кривичниот суд веќе донесе времена мерка за запирање на извршувањето на наплатата, со што е спречен одливот на парите додека не завршат правните процедури.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy