
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ ВОДЕШЕ ОД СТРУЧНОСТА: Трајко Славески го преложи за нов гувернер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.
При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од кабинетот.
Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје.
Toj e редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ.
Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има учествувано во изработката на програмските документи на партијата.
Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангелоска- Бежоска завршува денеска, но според законските одредби, фунцијата ќе ја извршува до изборот на новиот гувернер. Нејзината работа во изминатите седум години е оценета како успешна.