Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ Во меѓународните судови се дискутира за враќање на правниот латински јазик
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ Во меѓународните судови се дискутира за враќање на правниот латински јазик

13/04/2026

AA

Во правото има нешто што се нарекува правен јазик, таму мора да има разбирање и меѓу судиите, јавните обвинители и адвокатите, појасни претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во гостување на „Клик плус“ на ТВ21 во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик.

Таа вели дека важно е да има прецизност, јасност и недвосмисленост во постапката затоа што од тоа зависи квалитетот на пресудата. Претседателката вели дека е многу невообичаено на национално ниво во судскиот процес да има во оптек повеќе јазици и дека денес во меѓународните судови многу се дискутира за враќање на правниот латински јазик во судството за да нема изгубени во преводот.

Таа е загрижена поради тоа што не може да има една комисија за правосуден испит за кандидати Македонци и друга за кандидати Албанци.

Осврнувајќи се на законската рамка, претседателката посочи дека покрај Законот за употреба на јазици, постои и Закон за употреба на македонски јазик, кој ја утврдува обврската за негово познавање и користење во институциите.

Претседателктата рече дека има разбирање за употребата на службените јазици, но потсети дека судовите имаат уставна можност директно да го применуваат Уставот и да не применат законска одредба доколку ја оценат како неусогласена со највисокиот правен акт.

Сиљановска Давкова потсети на уставните гаранции произлезени од Охридскиот рамковен договор, според кои странките во судските постапки имаат право на превод на државен трошок.

Како клучен предизвик, ја посочи можноста од недоразбирања во правниот процес.

– Во кривичната и во граѓанската постапка, секоја странка има право на превод на државен трошок. Но, ако постапките, пресудите и иницијативите се на македонски јазик, тогаш за да се донесе релевантна одлука, неопходно е тој јазик да се познава и да се комуницира на него. Мојот страв е да не се најдеме изгубени во преводот – рече претседателката.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за

13/04/2026

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи вчера на парламентарните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy