Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција

14/10/2025

AA

Во рамки на официјалната посета на словачкиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Петер Пелегрини.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова.

Најпрво, уште еднаш би сакала да му се заблагодарам на почитуваниот претседател Пелегрини, но исто така и вам за присуството. Нему за извонредната посета. Се работи за потврда на одличните билатерални односи меѓу двете земји, како израз на заедничката волја и решеност за продлабочување во иднина.

Како што знаеме со Словачка нѐ врзуваат заедничкото наследство на Светите браќа Кирил и Методиј, блиски културни односи, сестрано и долготрајно пријателство.

Денеска реков, ако сум јас еден од основачите на Европското движење во моментот на распаѓањето на Југославија, Словачка е државата којашто финансиски сѐ уште ја поддржува Европската конвенција на која се најдоа најважните прашања врзани за реформите.

Како човек којшто верува во културната дипломатија, не можам а да не кажам дека ја ценам заинтересираноста на словачката академска јавност за македонскиот јазик и култура. Само да ве информирам таа е толку јасно изразена со објавувањето на првиот учебник по македонски јазик за Словаците и повторното воведување настава на македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, кадешто исто така денеска успешно функционира лекторатот за македонски јазик. Тоа е за огромна почит.

Летово, како покровителка на Струшките вечери на поезијата, јас имав чест да се сретнам со словачкиот поет Иван Штрпка, инаку годишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата и добитник на наградата „Златен Венец“. Тоа е не само културна дипломатија, туку уште еден извонреден доказ за културната блискост меѓу двата народи.

Политичките односи беа и денеска ги оценивме како исклучително добри. Јас посакувам економска подобра соработка, но за таа цел денеска го поздравувам потпишувањето на Меморандумот за економска соработка и очекувам истиот да отвори нови можности за проекти, инвестиции и бизнис партнерства.

Најважното за нас: Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамките на Вишеградската група, туку и со активното учество во Групата пријатели на Западен Балкан, меѓутоа еве и на денешната средба. Нема подобро чувство од тоа да видите како претседател на земја – членка на Европската Унија ви изразува јасна поддршка на европскиот пат. Многу ме радува што обајцата делиме став дека проширувањето мора да се темели на Копенхагенските критериуми од кои не треба да бегаме. Значи да е засновано на заслуги и да е засновано на резултати. Да не зависи од дополнителни, ирационални политички условувања, коишто на некој начин го узурпираат процесот на евроинтеграцијата.

Јас сум многу свесна за актуелната геополитичка и безбедносна состојба на ризик на Европа, ризикот од создавање на политички вакуум којшто може да биде искористен од трети страни и токму тоа му го предочив на претседателот дека – кога се укажува со право на опасноста од политички влијанија однадвор, од трети страни, мора да се знае дека не постои никогаш празен политички вакуум. Вакуумот секогаш некој ќе се обиде да го пополни, но најдоброто решение за оневозможување на било каков вакуум и политичко влијание од трети страни е да се реинтегрираме во Европската Унија, да имаме јасни гаранции дека таму ни е местото. Така фактот дека ние географски, историски, културно, отсекогаш сме биле дел од Европа ќе се заокружи природно и политички. Така ние ќе се вратиме таму каде што сме биле, во Европа.

Се разбира дека нашата надворешна и безбедносна политика, тоа го знаат сите членки на Европската Унија и сите институции и нивни функционери во ЕУ, е целосно усогласена со онаа на Европската Унија. Ние продолжуваме активно да придонесуваме за колективната и за регионалната безбедност, бидејќи таа безбедност е и наша безбедност. Се разбира, еве јас користам да кажам, иако за тоа не се посветивме денеска многу, но јасно е дека за поздравување е она што се случува деновиве, мислам на мировните напори и активности меѓу Израел и Хамас со посредство на претседателот Трамп. Тоа сакам јавно да го потенцирам, да изразам благодарност не само во свое име, туку и во името на сите членки и на Европската Унија, сите членки на регионот и на целиот свет. Да, ние секогаш сме се залагале за траен и за праведен мир на Блискиот Исток,  којшто ќе биде заснован на принципите на меѓународното право. Мирот на Блискиот Исток директно не засега и нас и нашиот мир, не само нашиот и европскиот мир, воопшто. Но, она што е најважно мислам е дека предизвиците со коишто се соочува светот, глобалните предизвици, регионалните предизвици, европските предизвици бараат поголема соработка, бараат меѓусебна доверба, бараат солидарност и тоа не само во рамките на Европската Унија и НАТО, туку и во рамките на Обединетите Нации. Јас му пренесов на господинот претседател за извинувањата од високи функционери на Обединетите Нации, или претходно на Европската Унија за нашиот предолг и комплициран пат. Меѓутоа, мојот коментар е дека пост фестум реакциите не може да решат никаков проблем. Би сакала проблемите да се решаваат еx-ante, односно однапред. Да, ние сме соочени со тектонски промени во светот, тие бараат промени, тие бараат поинакво однесување и мислам дека тоа уште повеќе го актуелизира реинтегрирањето на регионот и нашето реинтегрирање во Европската Унија.

Уште еднаш, благодарам за укажаната чест, благодарам за укажаната поддршка. Верувам дека денешните разговори ќе внесат нова динамика во нашите односи и ќе отворат пат кон сестрана и плодна соработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy