Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова на Конференција на ОН за океанот: Без излез на море, но со свест за заедничката иднина
Македонија

Сиљановска-Давкова на Конференција на ОН за океанот: Без излез на море, но со свест за заедничката иднина

09/06/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3).

„Изразувам искрена благодарност до ко-претседавачите, претседателите на Франција и на Костарика, за организирањето на оваа Трета конференција на Обединетите нации за океанот.

Како член на едно општество, секој од нас е дел од она што Русо го нарече општествен договор. Сепак, се собравме тука, во Ница, како страни на еден друг договор, природниот договор на Мишел Сера, којшто ги обврзува луѓето да се однесуваат кон планетата како кон рамноправен партнер. И, се осмелувам да кажам, дека стоиме тука како пред суд, како виновници што го прекршиле тој природен договор.

Океанот е синото срце на нашата сина планета. Милијарди години, ова сино срце чука во ритам што го одржува животот на безброј видови, вклучувајќи го и нашиот. Како срце на глобалниот климатски систем, океанот апсорбира една четвртина од емисиите на CO2 и обезбедува половина од кислородот потребен на Земјата. Ја лади планетата со апсорбирање на 90% од топлината и ја регулира климата. Тоа е од суштинско значење за безбедноста на храната. Животот над морското ниво зависи од животот под морското ниво.

Сепак, со нашите неодржливи системи за производство и расипничките конзумеристички навики, го нарушуваме океанскиот систем. Доказите против нас се насекаде околу нас.

Океанот стана потопол и покисел. Неговите исконски струи се менуваат, правејќи го морето понепредвидливо. Неговите живописни корали се избелени, а богатите морски екосистеми уништени. Додадовме пестициди и пластика во синџирот на исхрана, нарушувајќи ги сложените биохемиски процеси кај живите организми.

Заслепени од краткорочната добивка, ја ризикуваме егзистенцијата на идните генерации. Помислете на растечките температури, на сè почестите екстремни временски настани и на микро-пластиката којашто завршува на нашите чинии.

За да се справиме со оваа криза, нам ни е потребен ефикасен мултилатерализам со силна Организација на Обединетите нации во неговата срж. ООН постои за градење на мир не само меѓу нациите, туку и со природата. Ниту една земја, ниту еден континент не може да го постигне ова самостојно. Тоа е заеднички напор на целото човештво, на сите нации, големи и мали, со и без излез на море. Особено на оние без излез на море, не само затоа што имаме законско право на пристап до море (според Конвенцијата на ОН за право на море), туку затоа што сме дел од истиот океански систем.

Мојата земја се залага за силно меѓународно управување со океанот и дијалог. Ја поздравуваме декларацијата „Наш океан, наша иднина: обединети за итна акција“ и го поддржуваме спроведувањето на Целта бр. 14 за одржлив развој и Акцискиот план од Ница. Денес ќе го потпишам Договорот за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност во области надвор од националната јурисдикција. Исто така, го поддржуваме целосното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал за запирање на губењето на биолошката разновидност. Ја поздравуваме амбициозната акција за заштита, зачувување, одржливо користење и обновување на океанот и неговите екосистеми во согласност со Пактот за иднината.

Како и да е, нашиот најголем придонес е поврзан со справувањето со климатските промени. Како потписник на Парискиот договор, се обврзавме значително да ги намалиме емисиите на стакленички гасови, да го забрзаме преминот кон економија со ниски јаглеродни емисии во енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството. Бидејќи сме во Медитеранот, еден од климатски најранливите региони во светот, даваме приоритет на прилагодувањето на нашите најранливи сектори, особено водните ресурси. Сепак, овој процес ќе биде многу поефикасен ако нашиот процес на пристапување во ЕУ се деблокира. Борејќи се против климатските промени, се бориме за океанот.

Нам ни е потребно она што Едгар Морин го нарече свест за земјата, длабока свест за нашата меѓусебна поврзаност како единствена планетарна заедница. Гледаме знаци за ова бидејќи младите генерации насекаде стануваат сè посвесни за кризата на океанот, вклучително и во мојата земја којашто нема излез на море. Неодамна, се сретнав со група млади, паметни македонски ученици коишто ќе учествуваат на Првиот предизвик „Лего лига“, поддржан од УНЕСКО, со иновативно решение за тоа како да се користи роботиката за чистење на океаните и хранење на китовите. Замислете, ученици од земја без излез на море се пасионирани за спасување на океанот.

Реков дека сме на суд. Дното на океанот е преполно со докази коишто ја докажуваат нашата вина. Идниот капетан Немо можеби ќе ги собере и ќе нè обвини за прекршување на природниот договор. Но, за да добиеме поповолна пресуда од идните генерации, треба да го замениме нарцисоидното огледало на Доријан Греј со огледало на природата. Како што легендата за океанографија Жак Кусто еднаш рекол „морето, големиот обединувач, е единствената надеж на човекот. Сега, како никогаш досега, старата фраза има буквално значење: сите сме во истиот чамец“. Одберете: „Титаник“ или „Ноевата арка“? Јас го избрав вториот. Тргнува од Ница“, порача Сиљановска Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy