Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова на 80. годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау: Ниту едно зло не смее да се заборави
Македонија

Сиљановска-Давкова на 80. годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау: Ниту едно зло не смее да се заборави

27/01/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на полскиот град Освиенцим, близу Краков.

Во изјава за медиумите, претседателката Сиљановска-Давкова оцени дека присуството на одбележувањето во Аушвиц претставува можност за колективна епифанија и освестеност за тежината на стореното зло. Потсетувањето на холокаустот е клучно за никогаш да не се повтори.

„Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот. Не смее да има, бидејќи меморијата понекогаш, ако не се негува или ако не се храни може и да ја снема, или може да се извитопери во нешто друго. Сè почнува со проблематизирање, најпрво на бројките, па на процесите и настаните и на крајот некој можеби ќе помисли дека може да се избрише злото. Не, ниту едно зло не треба да се избрише, ниту едно зло не смее да се заборави“, изјави Претседателката.

Претседателката потсети и на трагичната судбина на македонските Евреи, кои завршиле во логорот Треблинка и повика да се воспостави традиција на организирани посети на логорот.

„Тие се дел од нашиот идентитет и треба да воспоставиме традиција на посета на Треблинка за да им оддадеме почит, за почитта да стане дел од нешто што ќе го практикуваме и ќе потсетуваме велејќи дека не само што не веруваме дека такво нешто ќе се случи, туку ќе покажеме дека додека сме живи и оние по нас никогаш, никој не смее да дозволи такво нешто да се случи.

Комеморацијата во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ започна со поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, а во рамки на комеморативниот настан се обратија претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лаудер и директорот на Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“, Пјотер Цивински.

Со читање молитви и палење свеќи, присутните им оддадоа почит на жртвите на холокаустот пред вагонот од товарен воз, поставен пред главната капија на логорот Аушвиц II-Биркенау, како симбол на одбележувањето на годишнината.

Во рамки на комеморацијата беше приредена пригодна музичка програма во која настапија истакнати музичари, композитори, пијанисти и диригенти од Германија, Полска и Чешка, со еврејско потекло.

На комеморативниот настан, кој се одржа на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, присуствуваа педесетина шефови на држави и Влади од целиот свет, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, како и преживеани лица од Аушвиц.

Аушвиц денес претставува синоним на холокаустот, теророт, геноцидот и злосторствата од Втората светска војна. Германските нацисти во овој логор убиле околу 1,1 милион луѓе главно Евреи, но и Полјаци, Роми, советски воени затвореници и луѓе од други националности. Во 1945 година војниците на Црвената армија на Советскиот сојуз, од Аушвиц ослободиле околу седум и пол илјади преживеани лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy