Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова: Имаме обврска природата да ја третираме како партнер, штитејќи ја неа, се штитиме себеси
Македонија

Сиљановска-Давкова: Имаме обврска природата да ја третираме како партнер, штитејќи ја неа, се штитиме себеси

12/11/2025

AA

Водена од желбата за заштита на Преспанското Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера од општината Ресен ја започна серијата на посети на македонските градови и села.

Пред неа и пред градоначаналникот Јован Тозиевски, на дебатата во Отешево, повеќе од 15 претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, УНДП, невладиниот сектор и други државни и локални институции ги образложија причините за алармантното намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро. Врз основа на научни анализи и докази, како клучни фактори ги посочија климатските промени, намалените врнежи од дожд и снег, понирањето, како и прекумерното користење на водата за наводнување. Присутните на дебатата нагласија дека повлекувањето на Преспанското Езеро не е само национален, туку е и прекуграничен проблем.

Истакнувајќи дека Преспанскиот регион поседува беспрекорна убавина којашто внесува посебен мир, Сиљановска-Давкова рече дека сите имаме обврска да ја третираме природата како партнер, бидејќи штитејќи ја природата, се штитиме себеси.

„Верувам дека има решенија, само треба да се чујат. Верувам дека во еден инклузивен процес и сите кои одлучуваат мора да ги чујат мислењата и ставовите на овие квалификувани и заинтересирани луѓе коишто живеат овде и веруваат во иднината на овој регион. Сите треба да се впрегнеме за она што е остварливо, навистина да стане реалност, а не само посакувана цел“, додаде претседателката.

Претходно, во Ресен таа го посети Домот на културата ,,Драги Тозија”, познат како ресенскиот сарај. Објектот го градел еден од водачите на младотурската револуција, Ахмед Нијази Бег на почетокот на 20-тиот век и во него се наоѓа спомен собата на Кераца Висулчева во којашто се изложени дел од цртежите и сликите од нејзиното творештво. Претседателката искажа верување дека свое заслужено катче во сарајот ќе добие и ресенчанката Наде Проева, истакната македонска историчарка и професорка. 

Таа ја разгледа и спомен-куќата на Татарчеви, во којашто се чуваат предмети од ова познато семејство, како и музејската поставка со восочни фигури и други обележја на голем број историски личности од регионот.

За време на посетата, Сиљановска-Давкова одблизу се запозна со работата на фабриката Свисслион Агроплод и оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.

Истакнувајќи дека за неа е голем предизвик да разговара со млади луѓе, коишто во себе носат уникатна енергија, претседателката ги слушна нивните размислувања и идеи како да се намали иселувањето. На средбата се согласи со ставот на младите и на градоначалникот дека е неопходна државна стратегија за задржување на младите тука, дома. 

„Знам дека Ресен има убава иднина, му треба само мала помош. Преку проектот „ЕУ за Преспа“ се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, којашто е една од македонските општини со најголем бенефит од европските фондови“, заклучи Сиљановска-Давкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy