Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова: Членките на Судскиот совет ги избрав според стручноста и професионалниот кредибилитет
Македонија

Сиљановска-Давкова: Членките на Судскиот совет ги избрав според стручноста и професионалниот кредибилитет

12/01/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието ги образложи предлозите за избор на Алинда Кадри-Шакиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет.

Во своето излагање, претседателката посочи дека кандидатките ги предложила врз основа на нивната стручност, компетентност и професионален интегритет. Таа потенцираше дека правосудните реформи треба да ги водат личности кои се препознатливи во своите области и кои уживаат висок личен и професионален кредибилитет.

– Судскиот совет во јавноста се перцепира како фактор што придонел кон кризни состојби во судството. Кандидатките не ги предложив затоа што се жени, туку заради нивната стручност и компетентност – истакна Сиљановска-Давкова.

Претседателката дополнително нагласи дека покрај професионалните квалитети, етичката димензија е неопходна за независно и функционално судство.

– Судскиот совет е рентгенот и микроскопот на судството. Во него треба да седат луѓе кои ќе оценуваат врз основа на квалификации, но и врз основа на интегритет и достоинство. Во правото најважни се законитоста, уставноста и етиката – рече таа, додавајќи дека токму овие стандарди се неопходни при избор, разрешување и дисциплинска одговорност на судиите.

Сиљановска-Давкова оцени дека реформите во правосудството започнуваат од Судскиот совет, со очекување новиот состав да донесе поголема отчетност и аргументирани извештаи кои, како што рече, нема само да ги лоцираат проблемите, туку и да понудат решенија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy