Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шверцувале украдени автомобили од Македонија и ги продавале во Албанија како резервни делови
Македонија

Шверцувале украдени автомобили од Македонија и ги продавале во Албанија како резервни делови

27/07/2023

AA

Албанската полиција уапсила четири лица, откако била разоткриена нивната шема, според која шверцувале украдени автомобили од Северна Македонија и ги продавале како резервни делови во Албанија.

Уапсени се македонскиот државјанин А.А.(44) жител на Струга и албанските државјани А.Р.(21) жител на село Рајца, Либражд, Л.Д.(19) и М.Х.(23) и двајцата од село Радокал, Поградец.

-Четворицата во соработка шверцувале моторни возила од Северна Македонија, ги дислоцирале на подрачјето на Струга, а потоа преку зелената граница, во атарот на селата Рајца-Шутај, кај Струга, ги пренесувале на албанска територија и ги демонтирале во градовите Елбасан или Тирана, за да ги продадат како резервни делови, стои во полициското соопштение.

Се додава дека 22-ри овој месец, А.Р. илегално влегол од македонска на албанска територија со украден автомобил „Мерцедес”, кој штом забележал дека го гонат полициските сили, го напуштил и го оставил возилото кај селото Радокал, Поградец.

Продолжува истрагата за комплетирање на документацијата за криминалното дејствие на овие државјани во Северна Македонија и Албанија, како и за идентификување и изведување пред лицето на правдата на другите лица вмешани во истата. Предметот е под надлежност на судот во Корча.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
Македонија

Алиу: Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во

20/06/2026
Македонија

Кои се клучни приоритети на Националната стратегија за спречување на

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43844
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026

Пониски цени на горивата од следната недела Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во понеделник, со новата одлука на Регулаторната комисија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека до 40 минути

20/06/2026

Состојба на граничните премини Утринава е забележана зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, каде возачите чекаат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy