Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шведската полиција одобри, три лица ќе ги запалат Библијата и Тората
Македонија

Шведската полиција одобри, три лица ќе ги запалат Библијата и Тората

14/07/2023

AA

Шведската полиција денеска одобри собир на кој три лица планираат да запалат по еден примерок од Библијата и Тората пред израелската Амбасада во Стокхолм, а Израел веднаш ја осуди одлуката.

Во барањето испратено до полицијата, организаторот наведува дека сака да ги запали овие верски книги како одговор на палењето на Куранот организирано во јуни пред џамија во Стокхолм, што ги налути муслиманите ширум светот.

Собирот треба да се одржи утре меѓу 13:00 и 14:00 часот по локално време.

Полицијата наведе дека не издала одобрение за официјално барање за палење верски книги, туку одобрила јавен собир на кој ќе се изрази „одредено мислење“.

– Таа разлика е важна, додаде Карина Скагерлинд, портпаролка на полицијата во Стокхолм.

Собирот, сепак, предизвика остри критики од страна на Израел и еврејските организации.

– Го осудив палењето на Куранот, кој е свет за муслиманите ширум светот, а денес душата ме боли од помислата дека истата судбина ја чека и еврејската Библија, вечната книга на еврејскиот народ“, реагираше израелскиот претседател Исак Херцог.

Јаков Хагоел, претседател на Светската ционистичка организација, оцени дека издавањето ваква полициска дозвола не е „слобода на говор, туку антисемитизам“.

На 28 јуни, Ирачанец кој избегал во Шведска запали неколку страници од Куранот пред главната џамија во Стокхолм на Курбан Бајрам, празник што го слават муслиманите ширум светот.

Настанот предизвика низа реакции во муслиманскиот свет, а Советот за човекови права на ОН во средата донесе резолуција со која го осудува палењето на Куранот и изразувањето на верска омраза.

Сепак, некои земји, главно западни земји, се спротивставија на донесувањето на закони за богохулење, но јасно ги осудија таквите постапки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy