Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШВЕДСКА ЛИДЕР ВО ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ: Европа „каска“ со плановите, кај нас драстичен скок по поскапувањето на струјата
Економија

ШВЕДСКА ЛИДЕР ВО ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ: Европа „каска“ со плановите, кај нас драстичен скок по поскапувањето на струјата

25/12/2023

AA

Европска унија повторно забележа раст на
производството и потрошувачката на енергија добиена од обновливи извори. Како
што соопшти европскиот статистички центар, дури 23 проценти од потрошената
енергија во 2022 година доаѓа од обновливи извори.

– 
Учеството на обновливите извори во бруто
потрошувачката на финална енергија на ниво на ЕУ достигна 23 отсто во 2022
година. Во споредба со 2021 година, ова претставува зголемување од 1,1
процентен поен (п.п.). Ревидираната Директива за обновлива енергија предвидува ЕУ да троши енергија од обновлива енергија до 2030 година од 32 до 42,5 отсто (со намера да се зголеми на 45 проценти) – се истакнува во анализата
на „Евростат“.

Притоа додаваат дека поради новите цели за
поголемо произодство на енергија од ОИ, земјите на ЕУ треба да ги интензивираат
своите напори за колективно усогласување со новата цел на ЕУ за 2030 година
,
која бара зголемување на уделот на ОИЕ во бруто
потрошувачката на финална енергија на ЕУ за речиси 20 п.п.

– 
Шведска води меѓу земјите на ЕУ, со речиси
две третини или 66 проценти од нејзината бруто потрошувачка на финална енергија
во 2022 година е добиена од обновливи извори. Шведска се потпираше на хидро, ветер, цврсти и течни биогорива, како и топлински пумпи. Следува
Финска со 47,9 отсто, земја која исто така се потпира на хидро, ветер и цврсти
биогорива.
Потоа следува Летонија чија потрошувачка од ОИ достигнува 43,3
проценти, а најмногу ја добива од хидроцентралите. И Данска  со своите 41,6 отсто се котира високо, по што
следи Естонија со 38,5 проценти, и двете најголем дел од енергијата од обновливи
извори на енергија ја добија од ветер и цврсти биогорива. Португалија пак имаше
34,7 отсто енергија од ОИ кои ги доби од цврсти биогорива, ветер, хидро и
топлински пумпи, додека Австрија која потроши 33,8 отсто енергија од ОИ
користеше најмногу хидро и цврсти биогорива – прецизира „Евростат“ во
анализата.

Наспроти земјите со најголемо производство и
потрошувачка на енергија од обновливи извори се земјите кои имаат најмало
учество, а тоа се Ирска со само 13,1 отсто енергија од ОИ, па Малта со 13,4
проценти, Белгија со 13,8 отсто и Луксембург 14,4 проценти.

Воедно „Евростат“ констатира дека дури 17 од
27-те членки на ЕУ имаат постигнато во своите активности под поставениот просек
на ЕУ од 23 отсто од потрошената енергија да биде од обновливи извори.

Македонија на патот на искористување на
предностите од обновиливите избори значително забрза последниве две години,
особено по енормниот раст на цените на енергијата на светските берзи минатата
година, што особено ја почуствуваа компаниите.

По драстичното поскапување, значително се зголемија
барањата за производство на енергија од ОИ. Како што неодамна информираа од
Регулаторната комисија за енергетика, за само 22
месеци инсталирани се нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност
од 523,2 мегавати (МW) кои ќе произведуваат електрична енергија од обновливи
извори.

– 
За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што
произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна
инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140  проценти повеќе од цела 2022
година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW.
Интензитетот
на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи
паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW –
соопштија неодамна од РКЕ. Според Регулаторна со електричната енергија
произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку
од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес загина при пад

20/02/2026
Македонија

Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на

20/02/2026
Македонија

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите

20/02/2026
Македонија

Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе

20/02/2026
Македонија

Муцунски и новата бугарска министерка Нејнски разменија честитки и иницираа

20/02/2026
Македонија

Минималната кошница за февруари 2026 изнесува 67.382 денари: Повисоки трошоци

20/02/2026
Македонија

Утре снег и засилен ветер од северен правец

20/02/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес загина при пад на метален профил

20/02/2026

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување

Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на кадри и ангажман по пензионирање

20/02/2026

Министерството за здравство ја отвори јавната расправа за измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита, со цел подобрување на

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите проверуваат врска со други слични

20/02/2026

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поднесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кривично дело убиство, откако

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy