
Шведска ја прегази Црна Гора и закажа четвртфинале со Германија
Швеѓанките без мака ги декласираа нивните противнички од Црна Гора и го обезбедија првото место во групата, со што закажаа четвртфинале против Германија.
Најдобри кај скандинавската селекција беа Хагман и Робертс со по шест голови, додека Деспотовиќ постигна шест погодоци за Црна Гора.
Во останатите четвртфинални средби ќе се соочат Франција и Чешка, Норвешка и Холандија, како и Данска против Црна Гора.
