Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Швајцарскиот парламент усвои Закон за забрана на бурката на јавни места
Македонија

Швајцарскиот парламент усвои Закон за забрана на бурката на јавни места

20/09/2023

AA

Швајцарскиот парламент денеска усвои закон со кој се забранува покривање на лицето, вклучително и бурка, муслимански женски вел што го покрива телото од глава до пети, а пропиша и парична казна од 1.000 швајцарски франци (1.040 евра).

Законот за „забрана на бурката“ беше одобрен од Горниот дом на парламентот, локално познат како Националрат, со 151 глас за и 29 против, јавуви агенцијата Анадолија, повикувајќи се на јавниот сервис СРФ(SRF).

Швајцарската федерална Влада најави референдум за ова прашање во 2021 година, а тогаш за забраната за носење бурка гласаа 51,2 отсто од граѓаните, додека против беа 48,8 отсто.

Новиот закон забранува покривање на лицето на јавни и приватни места достапни за пошироката јавност на таков начин што цртите на лицето не можат да се препознаат.

На прекршителите им се заканува казна до 1.000 швајцарски франци.

Постојат неколку исклучоци од забраната, вклучувајќи верски служби, стари традиционални обичаи, театарски претстави и превез од здравствени или климатски причини.

Франција и Белгија беа првите земји во Европа кои во 2011 година ја забранија бурката на јавни места, а потоа следеа Бугарија во 2016 година, Австрија во 2017 година и Данска во 2018 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ЗАБИЛ СО МОПЕД ВО СТОЛБ 17-годишник почина во Неготинско

20/12/2025
Македонија

„Удри“ по џебот на фирмите, опомени за граѓаните: Еден месец

20/12/2025
Македонија

ВИДЕО Сообраќајка на автопатот кај патарина Петровец – затворена една

20/12/2025
Македонија

ПОЧИНА АКTEРОТ ЛАЗЕ МАНАСКОВ Остави траен печат со „Исцелител“, „Солунски

20/12/2025
Македонија

Длабока загуба за Драмски театар Скопје – почина актерот Лазе

20/12/2025
Македонија

НЕМА ДЕН, А ДА НЕ ПОМИСЛАМ НА НЕСРЕЌАТА Јанчев вели

20/12/2025
Македонија

Арбер Адеми генерален секретар на ДУИ, Фатон Ахмети потпретседател

20/12/2025
Македонија

Д-р Чибишев алармира: Децата не смеат да имаат активности надвор

20/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39225
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy