Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Швајцарија има рецепт за справување со инфлацијата
Економија

Швајцарија има рецепт за справување со инфлацијата

27/02/2023

AA

За разлика од многу земји, Швајцарија има помал раст на цените и добро се справи со инфлацијата. 

Стапката на инфлација во државата минатата година изнесуваше 3,5 отсто и е највисока во последните 29 години. Но, таа е доста пониска стапка на инфлација отколку во САД (9,1 отсто), Велика Британија (11,1 отсто) и еврозоната (10,6 отсто).

Како што објави CNBC, Швајцарците трошат помалку од својот приход на потреби како храна, сместување и друго.

„Со оглед на тоа што луѓето се во просек прилично богати, трошоците за храна во вкупните трошоци на домаќинствата не се толку високи како што може да бидат во другите земји. Се разбира, нееднаквоста постои. Но, од меѓународна перспектива, мислам дека имаме функционална социјална политика“, рече професорот по економска историја на Универзитетот во Цирих, Тобијас Страуман.

Друга причина зошто стапката на инфлација во Швајцарија е ниска е силната домашна валута. Франкот зајакнува, неговата вредност е еднаква на вредноста на еврото. Од друга страна, вредноста на многу други валути се намалува. За разлика од некои други европски земји, Швајцарија помалку се потпира на увезена нафта и гас.  Швајцарија има строга контрола на цените на стоките и услугите. 

Цените на гасот во Европа паднаа во февруари на најниско ниво во последните 18 месеци, но цените на храната продолжуваат да растат.

Цените на храната во Европската унија во јануари пораснале во просек за 18,4 отсто во споредба со пред една година. Унгарија стана „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2 отсто), потоа Литванија (32 отсто) и Словачка (28,6 отсто). Најмал раст на цените на храната е забележан во Швајцарија (5,8 отсто) и Кипар (10,3 отсто).

foto freepik.com/vitalii_petruscenko

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45783
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте порача, Америка е најголема сила,

24/09/2026

Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy