
„Шукру Сарачоглу“ гори – специјален пречек за специјалниот (ВИДЕО)
Од слетувањето на аеродромот во најголемиот турски град, преку хеликоптерот кој го донесе на стадионот, до фештата на навивачите на стадионнот „Шукру Сарачоглу“.
„Длабоко ја почувствувал љубовта која ја покажавте од моментот кога моето име беше поврзано со Фенербахче. Главно, таа љубов тренерот ја добива по победите и титулите, но јас веќе ја доживеав“, изјави Мурињо.
Фенербахче не бил шампион на Турција од 2014 година, последните три сезони ги заврши на второто место, па португалскиот стручњак ќе има задача да го прекине деценискиот пост.
