Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова: Очекуваме реална независна проценка на состојбата со природното наследство на Охридското Езеро и препораки за одржливо управување
Македонија

Шукова: Очекуваме реална независна проценка на состојбата со природното наследство на Охридското Езеро и препораки за одржливо управување

25/04/2023

AA

Стручниот тим на Министерството за животна средина и просторно планирање предводен од министерката Каја Шукова, денеска остварија средба со претставниците на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство.

На средбата на која присуствуваа и претставници на Конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење (Рамсарска Конвенција), на УНЕСКО како и претставници од други релевантни државни органи и национални и меѓународни институции и експерти министерката ги презентираше активностите преземени согласно забелешките на Секретаријатот на Бернската конвенција.

„На оваа мисија на претставниците од Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенцијата гледаме како на можност претставници на надворешни неутрални институции врз основа на ставови на различни засегнати страни, како и на теренски посети да дадат реална независна проценка на состојбата со природното наследство на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“ – кандидати за Емералд подрачја. Очекуваме дека проценката ќе рефлектира со применливи препораки на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во однос на утврдување на живеалиштата и дивите видови кои можат да бидат афектуирани од антропогени активности, како и препорака за мерки и активности за намалување на овие влијанија согласно постоечката состојба“ истакна Шукова.

Мисијата предводена од извршниот секретар на Бернската Конвенција, Микаел Путиерс, утре и задутре ја продолжуваат посетата на земјата со средби во претставници на НП „Галичица“, на општините Охрид и Струга, како и теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и охридското и струшкото крајбрежје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy