
Штутгарт продолжи да ги „меле“ ривалите – настрада и Унион Берлин!
Гирази беше стрелец на првиот гол во 19. минута од средбата, додека предноста ја зголеми Фурих во 65. минута.
Унион Берлин мораше да се помири со поразот по црвениот картон на Шафер затоа што со фудбалер помалку на теренот не можеше да му парира на фаворитот.
Штутгарт има 53 бодови на третата позиција, односно еден бод помалку од Баерн Минхен и 11 бода помалку од Баер Леверкузен.