
ШТРКОВИТЕ ВО „ШОК“: Ги изненади снегот и ветерот: Црна Гора будно ја следи нивната состојба!
Обилните снежни врнежи овој април не го заобиколија ниту северот на Црна Гора, а додека мештаните не се премногу изненадени бидејќи вакви временски проблеми имало и порано, „брачната двојка“ штркови која рано дошла од потоплите краишта во Беране останала „во шок“. Ги фати априлскиот снег, а нивната реакција ја снимија камерите на Центарот за заштита и проучување на птиците на Црна Гора (ЦЗИП). На социјалните мрежи се шири снимка од двете птици, кои го привлекоа вниманието речиси низ целиот Балкан.
ФОТО: Screenshot-CZIP

