
ШТРАЈК ВО ЛИДЛ, РАБОТНИЦИТЕ ОГОРЧЕНИ: Луѓе имате ли идеја колкави ни се платите?
Работниците во Лидл прекинаа со работа затоа што се незадоволни како им се пресметани и исплатени платите за август, пишува Danica.hr.
Како што неофицијално дознава порталот, тоа се случило во четврток во централното складиште во Јастребарско. Незадоволни од она што го слушнале од газдите и денеска нема да работат. Информациите се дека работниците добиваат од 850 до 900 евра плати за работа од 9.5 часа дневно. Ги погодило и тоа што на некои работници платите им се помали за разлика од почетокот на годината, а имаат поголем обем на работа.
Вчера 20 работници прекинале со работа, а имаат поддршка и од другите колеги. Претставниците на компанијата на незадоволните работници им објаснувале како се пресметани платите. Порталот пишува дека работниците се бесни откако виделе објава дека лани платите во Лидл биле 1.234 евра. Јутарњи испратил прашања до Лидл, а одговорот ќе го објават штом ќе го добијат.
foto Čitatelj Portala Danica.hr