
Штрајк на приватните специјализанти, има ли политичка позадина?!
Приватните специјализанти утрово продолжуваат со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина.
Според нивното соопштение, тие ќе бидат во штрајк сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања.
Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните чекори.
Меѓу нивните барања се зголемување на платите, повторно воведување бесплатно здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како и регулирање на работниот статус.
Министерот за здравство Илир Демири вчера на прес конференција порача дека штрајкот и протестотна прагот на изборите има политичка позадина.
„Треба да знаете дека не е без политичка позадина овој вид на организирање, што не е добро и не сакам да го оспорувам ова“, вели Демири.

