Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Штом се исклучи печката ќе настане технолошко-економска катастрофа“: Вработените во „Еуроникел индустри“ бараат помош
Економија

„Штом се исклучи печката ќе настане технолошко-економска катастрофа“: Вработените во „Еуроникел индустри“ бараат помош

09/11/2023

AA

Вработените во „Еуроникел индустри“ стравуваат за судбината на фабриката, па денеска за агонијата низ која поминуваат и со молба за помош испратиле допис со барање на помош и поддршка, до премиерот, вицепремиерот задолжен за економски прашања, министрите за економија и финансии, градоначалникот на Кавадарци, една од банките и Стопанската комора. Се бара заедничко решение за надминување на кризната состојба во „Еуроникел индустри“ ДОО.

– Како што знаете, Трговското друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги „Еуроникел индустри“ ДОО Кавадарци како целосен преземач на „Фени индустри“ АД во стечај, го продолжи деловниот потфат, го одржа и континуирано го водеше производствено-технолошкиот процес, и директно ја реши судбината на голем број вработени. Како вработени, искрено мислевме дека ќе продолжиме со ваквиот успех и ќе редиме уште поголеми достигнувања, така и ни беше ветувано од инвеститорот – пишува во дописот.

Се нагласува дека до пред извесен период вработените биле убедени дека тешкиот период е далеку зад нив и никогаш нема да се повтори ниту слична ситуација како стечајна постапка. Но, за жал, се додава, во овој период, компанијата се соочувала со сериозни тешкотии и проблеми. Според сознанија на вработените, банката кај која е заложен целокупниот имот на комбинатот, водела разговори со различни потенцијални инвеститори и притоа имала намера да изврши ликвидација на имотот, за наплата на нејзините побарувања како доверител, за што со денови во компанијата биле присутни проценители кои го потпишувале имотот.

– Како вработени, многу добро знаеме дека во таква една постапка, печката ќе се изгаси, сите ние вработените ќе останеме буквално на улица на работ на својата егзистенција, а оштетени ќе бидат и сите останати доверители. Факт е исто така дека доколку се изгаси печката, имајќи предвид колку време и средства се потребни за нејзино рестартирање, дека веројатно ова ќе биде крајот на оваа фабрика која отсекогаш била од огромна економска и стратешка важност за државата, имајќи предвид обемот на средства кои влегуваат во државната каса по основ на разни даноци, придонеси и други давачки – пишуваат вработените. 

Тие бараат помош за заеднички да се најде излез и решение од оваа ситуација, бидејќи фабриката имала електрична енергија само уште за два дена.

– Штом се исклучи печката ќе настане технолошко-економска катастрофа од огромни размери на штета на сите вработени, на добавувачите, транспортерите, банката, државата и било какви потенцијални инвеститори – загрижени се вработените.

Тие молат за внимание околу нивниот проблем.

– Сметаме дека е исклучително важно да се обезбеди електрична енергија за греење на печката, за во меѓувреме да се најде и инвеститор кој е подготвен да го продолжи работењето на фабриката, со што сите вработени ќе ги задржат работните места, сите доверители ќе бидат исплатени, фабриката ќе продолжи да работи во интерес на сите засегнати страни. Имаме информација дека има и такви заинтересирани инвеститори, што се спремни да го преземат и продолжат работењето на фабриката и ќе биде спас од оваа голгота и единствен излез за сите нас. Бараме да застанете зад нас вработените и да не дозволите оваа фабрика да згасне, во која сме го вложиле целиот наш работен век и не сакаме туку така, буквално „низ вода“ да биде пуштен не само целиот наш труд, туку и на нашите идни генерации – пишува во дописот.

Вработените пишуваат дека се спремни да ги бранат фабриката, лебот и егзистенцијата со сите инструменти што се на располагање, преку собири, протести и блокади, само и само да се спасат работните места и егзистенцијата на повеќе од 1.000 семејства кои директно зависат од фабриката.

– Всушност, ако се земат предвид и надворешните добавувачи, транспортери и слично, оваа бројка е секако поголема од 2.000 семејства. Ве молиме погледнете на оваа ситуација од човечки аспект, дека сите ние сме луѓе со семејства, со деца кои треба да ги храниме, школуваме, облекуваме, вдомуваме, со различни здравствени проблеми и со бројни други човечки потреби. Особено ако се земе предвид дека ако се исклучи печката, губитници ќе бидеме сите, се вели во дописот. 

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy