Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ТРЕБАЛО ДА ПРЕВЗЕМЕ ЏАФЕРОВСКИ ДО 2020 ЗА ОБЈЕКТ ШТО ИЗГОРЕ ВО 2025 ГОДИНА? Јошевска категорична дека Обвинителството прво го поставило резултатот, па барало како да ја состави приказната
Македонија

ШТО ТРЕБАЛО ДА ПРЕВЗЕМЕ ЏАФЕРОВСКИ ДО 2020 ЗА ОБЈЕКТ ШТО ИЗГОРЕ ВО 2025 ГОДИНА? Јошевска категорична дека Обвинителството прво го поставило резултатот, па барало како да ја состави приказната

10/12/2025

AA

Обвинението за пожарот во „Пулс“ е правно погрешно и без факти кои го поврзуваат со трагичниот пожар, истакна на денешното рочиште одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски.  Неговата бранителка, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска предупреди дека ниту еден системски пропуст не создава индивидуална кривична одговорност. Џаферовски, пак, порача дека совеста му е апсолутно чиста и дека верува во чесноста на правдата и праведноста на судот.

Адвокатката Јошевска Анастасовска во воведниот говор истакна дека обвинението е погрешно конструирано и дека не постојат факти кои го поврзуваат нејзиниот клиент со трагичниот настан.

– Мојата единствена порака до вас денеска е дека јас и Аднан Џаферовски не сме ви непријатели. Ова обвинение вака конструирано ни става замка во која сите – ние, вие, судот, јавноста – мораме да се снаоѓаме во хаос кој не е создаден од факти, туку од погрешна правна рамка – рече Јошевска Анастасовска.

Таа нагласи дека обвинението против Џаферовски, кој беше директор на ДЗС во периодот од 2017 до 2020 година, „ја промашува адресата за кривична одговорност“.

– Обвинителството меѓу обвинетите како Аднан не бара кривична одговорност, туку системска грижа. Не прибирале докази кои би оделе нанапред кон резултатот, туку од списокот се одело наназад. Непристрасна истрага дозволува доказите да водат кон резултатот, но овде резултатот е прво поставен, па после се барало како да се состави приказната. Тоа не е правна логика, тоа е попис претворен во обвинителен акт – додаде таа.

Јошевска посочи дека ниту еден системски пропуст не создава индивидуална кривична одговорност без конкретна поврзаност на дејството со последицата, како што бараат правото, разумот и логиката.

– Правниот објект кој изгоре во 2025 година во правна смисла не постоел во времето кога на функција бил Аднан Џаферовски. Објектот бил реконструиран, што значи дека е нов објект. Што точно требал да преземе Аднан Џаферовски од 2017 до 2020 година за да спречи пожар во објект кој изгорел во 2025 година, а настанал во 2024 година? Не можете да обвинете некого за пропуст, ако не можете да докажете што пропуштил – истакна Јошевска.

Таа додаде дека „директорот не пишува планови и не ги оценува, не може да нареди вонредна инспекција без да добие информација, нема законска надлежност да знае за нелегални објекти“.

– Аднан Џаферовски како директор не знаел за реконструкцијата во 2024 година. Наводниот синџир на пропусти е прекинат со реконструкцијата во 2024 година. Ова не е случај во кој фактите се спорни, ова е случај во кој правото е погрешно применето и токму судот треба да биде последниот филтер на разумот – заклучи Јошевска.

Обвинетиот Аднан Џаферовски нагласи дека не чувствува вина за трагичниот настан.

– Не смееме да доволиме една трагедија, едно зло да го одмаздиме со друго и притоа да мислиме дека правдата е задоволена. Мене како човек совеста ми е апсолутно чиста. Обвинет сум за несторување со умисла во нефункционален систем. Јас бев само кратко време на чело на еден фрагмент од тој нефункционален систем кој пробав со моето знаење и умеење да го подобрам и сметам дека во голем дел успеав – рече Џаферовски.

Тој додаде дека верува дека ќе го убеди судот за неговата невиност низ доказите кои ќе бидат презентирани.

– Чесен суде, јас не сум очајник за да се надевам на милост или да очекувам што ќе ми даде господ. Пред сè и над сè очекувам и верувам во чесноста на правдата, праведноста на судот – заврши Џаферовски.

Обвинителството ги гони директорите на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2012 до 10 март 2025 година, дека како службени лица „заеднички со особен придонес во извршување на делото, иако биле свесни дека поради нивното несторрување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување на начин што не преземале мерки и активности за заштита на животите и имотот на луѓето од пожари со отстранување на причините за настанување на пожари, предвидени во член 68 од Закон за заштита и спасување.

АКО СИСТЕМОТ Е ВИНОВЕН ЗА ПОЖАРОТ, ЗАРЕМ ВОДАТА ЗА ГАСНЕЊЕ НЕ Е ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО? Бог да чува, ме обвинуваат дека сум се согласил за смртта на 63 луѓе, рече Салиу

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy