Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што си купи во Куманово фирма што ја води Даравелски? Плати еден милион евра!
Економија

Што си купи во Куманово фирма што ја води Даравелски? Плати еден милион евра!

26/02/2024

AA

Во вториот обид за продажба на имот во стечај на поранешниот кумановски угостителско-хотелиерски гигант „Бисерка“ фирмата што ја води синот на Драган Даравелски, контроверзниот поранешен директор на Царинската управа, ќе плати милион евра. За сметка на тоа „Југоопрема“ ќе стане сопственик на делови од имот на три поранешни кумановски хотели на атрактивни локации во Куманово. Во најголем дел парите ќе се ги земе државата преку доверителите – фондовите за пензиско и здравство осигурување

Скопска фирма со која управува Даравелски помладиот купи дел од имотот на кумановска „Бисерка“ кој се наоѓа на атрактивни локации во центарот на Куманово – најголемата општина во Македонија. Купен е недвижен имот на хотелите „Кристал“, приземје на поранешниот хотел „Куманово“ и помошни простории на хотелот „Ку-Ба“.

Како купувач на имотот се јави скопската фирма „Југоопрема“ која според податоци од Централниот регистар е основана во 2006 година, а нејзината дејност е издавање и управување со сопствен или изнајмен недвижен имот. Компанијата вработува 4 лица, а нејзиниот основачки влог е нешто над 1,5 милиони евра.

Според најновите достапни податоци за 2022 година оваа фирма остварила приходи од 1,25 милиони евра што е раст од 50 отсто во споредна со претходната година. Добивката од работењето таа година изнесува 757.000 евра и е речиси шест пати поголема од претходната 2021 година.

Извршен директор на скопската фирма е Томислав Даравелски, син на Драган Даравелски поранешен директор на Царинската управа кој соочен со кривичен прогон во земјава долги години живееше во егзил во соседна Србија. Томислав е внук на познатиот кумановски адвокат, поранешниот, Томе Стојановски – Далавера кој во одреден временски период беше висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, но и јавна личност односно претседател на Собранието како и член на републичкиот Судски совет.

Во управувачката структура на „Југоопрема“ неизвршни членови се Викторија Џимревска и Мире Јовановски и двајцата од Куманово.

Според официјални податоци сопственик на 37 отсто од „Југоопрема“ е Наташа Маринков, странски државјанин, Србинка родена 1991 година. Маринков е сопственик од 5 декември 2022 година кога превзела 75 отсто од сопственоста врз „Југоопрема“ од Слободан Игњатов исто така српски државјанин. На 27 декември истата година вредноста на сопственоста на Маринков во „Југоопрема“ се преполовува и од тогаш изнесува 37 отсто.

 „Југоопрема“ е капитално поврзано лице со скопски „Трготекстил“ во која акционери се оф-шор компанијата „Тихама Оверсис ЛТД“ со 20 отсто акции, кумановската фирма „Козјак“ со 23,8 отсто од акциите, „Еко интернационал“ ДООЕЛ од Куманово со 10,1 отсто и скопското друштво „Продуктимпекс“ со 7,8 отсто.

Како што пренесува редакцијата СДК www.sdk.mk имотот бил купен по објавен јавен повик, а собранието на стечајни доверители ја прифатиле понудата на „Југоопрема“ вредна еден милион евра. Според нив 74 отсто од сите доверители гласале за продажбата, а меѓу нив е доминантниот доверител државата преку полномошникот државен правобранител Дејан Трајчевски. За продажбата гласале и претставници на државниот Фонд на пензиско осигурување ПИОМ, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и кумановската компанија “Бучен Козјак“. Ова бил втор оглас за продажба на имот во стечај на „Бисерка“ Куманово, а првиот пропаднал затоа што доверителите не ја прифатиле понудената цена која била пониска од сегашната.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy