Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што си купи МЕПСО за 4,9 милиони евра?
Економија

Што си купи МЕПСО за 4,9 милиони евра?

24/10/2023

AA

За набавка, транспорт, монтажа, он-лајн систем за мониторинг и резервни делови на нов енергетски трансформатор од турско производство МЕПСО ќе плати 4,9 милиони евра. Станува збор на 400/110 kV трансформатор од 300 мегаволт ампери. Ист таков трансформатор МЕПСО пазарил кон крајот на 2019 година од словенечкиот производител Колектор Етра за 2,9 милиони евра.

Државниот електропреносен систем-оператор набави нов енергетски трансформатор за трафостаницата Дуброво. Оваа трафостаница има стратешко значење за електроенергетскиот систем затоа што е енергетски јазол во кој се поврзуваат системите на Македонија и на Грција, а воедно е и собирна точка за електричната енергија што ја произведува најголемиот македонски комбинат РЕК Битола.

Од аспект на значењето на трафостаницата новиот трансформатор ќе значи стабилност и доверливост на системот. На тендерот што го распишал МЕПСО за ваков трансформатор стигнале две понуди, а одбрана е поевтината. Станува збор за најголемиот турски производител „Астор Енергџи АС ASTOR ENERGY AS“. Неговата понуда била 4,9 милиони евра и е избрана затоа што била за речиси 2 милиони евра пониска од второрангираната понуда на словенечкиот производител „Колектор Етра“. Оваа фирма барала 6,7 милиони евра за да произведе, испорача, монтира и пушти во работа нов трансформатор за македонскиот електропреносен систем.

Интересно е тоа што „Колектор Етра“ пред три и пол години добил тендер на МЕПСО за истата работа, но тогаш го произвел, испорачал и инсталирал трансформаторот за само 2,9 милиони евра! 

Во одговорот што МЕПСО го достави до нашата редакција во побараниот рок транспарентно објаснува дека разликата во цената е резултат на повеќекратното зголемување на цените што е резултат на ковид кризата и на војната во Украина.

Сите детали од одговорот на МЕПСО ги објавуваме во целост:

-Бугарската фирма Актаел Н лтд не е производител на енергетскиот трансформатор кој е предмет на ваш интерес. Производител на набавениот трансформатор е реномираната компанија ASTOR ENERGY AS од Анкара, Турција. Набавката на 400/110kV (300) MVA трансформатор е реализирана според важечкиот Закон за јавни набавки и во него не постои терминот “фирма посредник”.

Во однос на вашето прашање кое се однесува на цената по која е набавен новиот енергетски трансформатор, Ве информираме дека на огласот за јавна набавка беа доставени две понуди, едната од Kolektor Etra од Љубљана, Словенија и другата од група понудувачи ( Aktael-N I Astor energy AS). Највисоката добиена понуда изнесуваше 6.750.000 евра, а најниската добиена понуда изнесуваше 4.887.800евра. Избрана е понудата која беше евалуирана како најповолна. АД МЕПСО нема никакво влијание врз цените, а општо познато е влијанието што го имаше пандемијата од Ковид 19 и војната во Украина врз цените на безмалку сите материјали и услуги, а кои во некои сектори се повеќекратно зголемени.

Споредбата на тендерските договори за двата трансформатори (кои се јавно достапни) покажуваат дека клучен причинител за растот на цената е производната цена на енергетскиот трансформатор. Во договорот со „Колектор Етра“ склучен во октомври 2019 година трансформаторот чинел 1,9 милиони евра. Во договорот со групата понудувачи во кои се бугарската фирма Актаел -Н ООД и „Астор Енерџи“ од Турција трансформаторот чини 4,5 милиони евра.

Интересна информација за турски „Астор Енерџи“ е тоа што од јануари годинава неговата акција за прв пат била понудена за тргување на Берзата за хартии од вредност во Истанбул. Информацијата достапна на нивниот сајт вели дека прометот бил околу 3,5 милијарди евра (90,5 милијарди турски лири) и дека побарувачката за запишување акции за 34 пати била повисока од понудата на акции. https://astoras.com.tr/en/read-news/gong-at-istanbul-stock-exchange-72

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy