Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што се збари под сачот на Хари и зошто инвеститорите полудеа по акцијата на „Комерцијална банка“?
Економија

Што се збари под сачот на Хари и зошто инвеститорите полудеа по акцијата на „Комерцијална банка“?

10/10/2023

AA

Перцепцијата на побарувачката за акции покажува дека „Комерцијална банка“ е нумеро уно и дека таму ќе има одличен резултат за трет квартал што треба да биде објавен наскоро. Очигледно е дека топ менаџментот на таа банка предводен од Хари Костов има навистина што да понуди на своите акционери

Акцијата на „Комерцијална банка“ е бестселер на нашиот пазар на капитал. Во само еден ден се истргувани акции во вкупна вредност од 515.000 евра. И за да бидат појасни работи да го дадеме контекстот, а тој покажува дека само вчера прометот со акцијата на најголемата домашна банка (според актива н.з.) е двојно повисок од прометот со таа акција во цела претходна трговска седмица.

И при тоа е важно да се каже дека инвеститорите вчера не жалеа пари ниту прашуваа за цена. Едноставно се продаваше се што беше ставено на понуда по разумно повисока цена. Акцијата вчера ја проби максималната пазарна цена што беше постигната по период од една година наназад. Се тргуваше по цена од 13.000 денари за акција, а во последниот трговски час (по 13 часот н.з.) благо ја надмина и психолошката граница од 13.000 денари за акција.

Многумина се прашуваат што се случува и зошто оваа акција е тотално доминантна на нашиот пазар на капитал минатата седмица, а и во првиот трговски ден од оваа недела.

Официјални информации нема, но тоа е и нормално за условите во кои битисува нашиот пазар на капитал. „Комерцијална банка“ историски е најликвидната акција кај нас и тоа е повеќе од доволно таа секогаш да биде во бест-бај акциите кои рака на срце на нашиот пазар се бројат на прсти. Дополнително на тоа вреди да се потсети дека акцијата има и беспрекорна дивиденда историја односно нејзините акционери добиваат редовни и пристојни дивидендни приноси од нивните вложувања во таа хартија од вредност. 

Но не е само тоа објаснение. Единствената причина не е тоа што таа историски гледано е најликвидната акција. Затоа што интензитетот на побарувачката вчера несразмерно порасна, а тоа ја однесе и пазарната цена на рекордното годишно ниво.

Најголема е веројатноста дека катализатор на растот на цената и на обемот на тргување е тоа што банката има извонреден трет квартал во кој нејзината „финансиска крвна слика“ е беспрекорна. Во превод на јазикот на инвеститорите тоа значи дека банката книжи рекордна добивка за првите девет месеци годинава, а со тоа значајно растат и апетитите на инвеститорите за претстојна исплата на дивиденда. А за тоа одлука најчесто се носи до крајот на април идната година.

Само да потсетиме дека годинава „Комерцијална банка“ го има најдобриот полугодишен финансиски резултат во својата корпоративна историја. Односно има 32,6 милиони евра добивка што е за 77 отсто подобар резултат од истиот период во 2022 година.

А згора на тоа оваа година „Комерцијална банка“ според книжениот профит ги остави на пола пат зад себа двата најголеми ривали НЛБ Банка и Стопанска банка Скопје.

Токму овие аргументи во анализата на некои инвеститори биле пресудни дека на краток рок (до една година) најдобро е во услови на ваква понуда на пазарот да се вложува во акцијата на „Комерцијална банка“. Па дури и по годишна рекордна цена која може да биде рамна, па и малку повисока од 13.000 денари за акција.

Оваа неизвесност околу официјализирањето на финансискиот резултат ќе трае уште две седмици, кога оваа банка и ќе го објави неривидираните финансиски извештаи.

А до тогаш претприемачки ориенитираните инвеститори и тие што сакаат ризики може да ги покажат своите афинитети!

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy