Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што се случува со вториот случај на Марјан Доказ? Кој обвинител му давал податоци за случаите кои се воделе во обвинителството?
Македонија

Што се случува со вториот случај на Марјан Доказ? Кој обвинител му давал податоци за случаите кои се воделе во обвинителството?

19/09/2023

AA

Довербата во судството речиси ја нема, само еден процент од граѓаните имаат целосна доверба во судскиот систем и обвинителството, а одговорните за тоа никако да се запрашаат „Каде ние погрешивме?”. Напротив, граѓаните се сведоци на скандали во кои обвинители и судии се соучесници во кривични дела и истите обвинители ги водат судските постапки во кои не судат. Обвинители кои соработуваат со сопственици на интернет портали и споделуваат информации за лица против кои се водат судски постапки, обвинители директни или индиректни соучесници во рекетирања, обвинители кои манипулираат со докази и ги прекршуваат основните етички правила на непристрасност, одговорност и ефикасност. Од друга страна пак имавме многу обиди за реформи на правосудството во изминатите години, почнувајќи од СЈО, итните реформски приоритети 3-6-9, низа стратегии и бесполезно потрошени милионски суми на нашите ЕУ партнери во проекти и програми кои завршија со реформи само на хартија, додека правосудството оди во рикверц.

Обвинителот Сашо Рајчев и вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи беа првите имиња посочени како лица соработници кои споделувале информации за Доказ М, за што и обвинетиот Марјан Стаменковски побара нивно изземање од судскиот процес. Ова барање тогаш беше одбиено, Стаменковски осуден прво на три години и еден месец затворска казна, за по кратко време истата да биде намалена на две години и шест месеци затвор и 5.000 евра парична казна, а медиумите и јавноста никогаш не дознаа кој нарачувал текстови и дали е само Стаменковски или пандорината кутија ќе отвори многу посериозни злоупотреби од позиција на моќ. Она што не го очекувавме е вклученост на јавната обвинителка Фатиме Фетаи во овој скандал, онаа која беше прва на браникот за враќање на правната држава со формирањето на СЈО. Проект кој ги пушти низ вода вистинските криминалци, а обвинителите и судиите добија слобода, искористувајќи го и така урнисаниот судски систем, да судат невини граѓани, но и оние кои на еден или на друг начин навистина придонеле за нашето општество, за граѓаните.

Против обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев е побарано да се поведат две дисциплински постапки и тоа за соработување со осудениот Стаменковски и за нестручно постапување. Одлука од петчлената Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност нема, исто како што по изминати неколку месеци, сѐ уште нема резултати од вештачењето на електронските уреди одземени при претресот во домот на Марјан Стаменковски од ДоказМ.

Молк од Обвинителството за случајот со ДоказМ, а јавноста без одговори за тоа дали е завршено вештачењето и што е утврдено од истото. Но овде се наметнува поважно прашање: Дали покрај обвинителите Фетаи и Рајчев и другите јавни обвинители ја практикуваат оваа редовна пракса на нестручно работење и издавање информации од судските процеси кои се водат, или пак дали и колку од судските процеси се однапред наместени што ја доведува во прашање функционалноста на судскиот систем во Македонија.

Кадија те тужи, Кадија те суди вели народната поговорка, што во повеќето примери кај нас се покажа дека јавни обвинители и судии како соучесници во кривични дела, се токму истите тие и кои нѐ судат.

Какво обвинителство има Македонија, ако по 32 години независност нашето судство купува вести во Доказ.мк по нарачка на обвинители, додека граѓаните очекуваат и бараат независно и непристрасно судство? Нарачани текстови во медиуми против лица, но и селективното постапување на обвинителите, непочитувањето на граѓанското право на пресумпција на обвинетите и политизација и партизација на обвинителството и судството се причини за се поголемата недоверба во овие две институции од страна на граѓаните, се додека не започнат вистинските реформи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy