Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што се случило пред 145 години па Ковачевски го поврзува со картата на Голема Албанија?
Македонија

Што се случило пред 145 години па Ковачевски го поврзува со картата на Голема Албанија?

07/11/2023

AA

Зошто премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека карата на голема Албанија доцни 145 години? Тој ова го поврзува со Призренската лига која била формирана пред точно 145 години во Призрен.

Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со Албанци од интересите на Србија, Црна Гора и Грција; создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите Косово, Манастир, Јанина и Скадар; формирање воена служба на територијата на Албанија; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии.

Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: Сами Фрашери, Пашко Васа, Абдул Фрашери како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.

Источната криза започнала со востанието во Босна и Херцеговина во 1875. година, па преку Априлското востание (1876) во Бугарија, Разловечкото востание (1876. год.) во Македонија, Српско-турската војна од 1876. год. и завршила со Руско-турската војна 1877 г. која завршила со Сан Стефанскиот мировен договор од 3 март 1878 г., а потоа со неговата исправка на Берлинскиот конгрес (13.06.1878 – 13.07.1878 г.). Источната криза им била од корист на балканските држави и на Русија, со цел да ги оживеат освојувачките планови за Албанија. Со влегување на Русија во војната, опасноста од поделба на Албанија се зголемила. Албанските патриоти мислеле дека организираното ослободително востание и прогласување на независност на Албанија е единствен начин да им се спротивстават на балканските држави и големите сили. За таа цел започнале со обиди за подобро организирање на национално движење и за обезбедување на надворешен сојузник. Во мај 1877 г. бил формиран албански комитет со центар во Јанина, а потоа ист таков бил формиран и во Скадар. Во декември 1877 г. во Истанбул бил формиран „Централен комитет за одбрана на правата на албанската националност“ или покусо „Истанбулски комитет“ на чело со Абдул Фрашери. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор (3 март 1878 г.) било предвидено еден дел од предели во кои живеело албанско население да им се отстапи на Бугарија, Србија и Црна Гора. Тоа предизвикало револт кај Албанците. Во цела Албанија биле организирани масовни протести. Против овој договор биле и големите сили и затоа решиле да направат исправка на Берлинскиот конгрес. Во ваква напната состојба во Албанија се барала организација на сите сили за одбрана на албанските етнички области од распарчување. За таа цел се јавила потреба од создавање на единствен центар за организирање на албанските активности. Уште во април 1878 г. започнало движење за одржување на општ албански собир во Призрен, што е познат како Албанска или Призренска лига. Веста за одржување на Берлинскиот конгрес ги забрзала подготовките околу заседанието. На 10 јуни 1878 г. започнало заседанието на Призренската Лига, на кое присуствуале делегати од сите краишта на Албанија. На собранието на Лигата била донесена одлука да се известат Големите сили дека Албанскиот народ е решен да не дозволи поделба на неговата територија и дека е подготвен веднаш да преземе мерки за практично реализирање на автономија на Албанија и соединување на вилаети каде што живееле Албанци. Во програмата се предвидувало администрацијата на Лигата да ги преземе ингеренциите на државната администрација, да избере органи на власт што требале да воспостават ред и да собираат даноци за да се организираат и вооружени сили. Со своите први акти Лигата презела државни функции за постепено изградување на една автономна албанска држава. Високата Порта се обидела на Лигата да ѝ даде исламски карактер со протурска ориентација и да ја искористи за одбрана на своите интереси на Балканот.

„Тие такви настани секогаш предизвикуваат, со право, бура реакции кај граѓаните. Прво ако добро пресметав утрово, ставање на таа карта е задоцнето 145 години и ако по нешто може да се одслика какви биле односите на Балканот пред 145, 200 години се такви слични карти кои секоја држава на Балканот ги има, ама буквално секоја“, вели Ковачевски.

Според информациите на премиерот музејот е изграден на приватен имот и дека тоа подлежи на одредени законски решенија, но не кажа дали се исполнети сите услови за музејот да се отвори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy