Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што можат да купат граѓаните со 2.000 денари повисок минималец?
Економија

Што можат да купат граѓаните со 2.000 денари повисок минималец?

18/03/2023

AA

За нешто повеќе од 2.000 денари се зголемува минималната
плата од март. Таа ќе изнесува 20.175 денари. Граѓаните велат дека е добро што
платите ќе се зголемат, но ова покачување нема да промени многу во нивното
секојдневие.  Сметаат дека за
достоинствен живот платите и натаму треба да растат. Со 2.000 денари плус
помладите велат дека би си купиле некое парче гардероба, а оние кои имаат деца
за издржување, приоритет им се сметките и храната.

„И за 4.000 денари да се зголемат платите, пак е малку. Со
2.000 денари, самец ќе може да живее 4 дена, но не може повеќе“, вели Златка
Георгиевска, граѓанка.

Друга жена вели дека со покачувањето од 2.000 денари,
граѓаните можат да набават повеќе намирници од претходно, но семејниот буџет
повторно ќе биде тенок.

„Живеам сама, сметката за струја ми е 1.800 денари, така што со
тие пари можам да си платам една сметка. Треба уште да се покачуваат платите“,
додава Вера Петрушевска, граѓанка.

Рубинчо Аризанкоски, Програмски координатор и администратор
во Здружение Достоинствен Работник Прилеп вели дека граѓаните нема да почувствуваат
некоја голема разлика, затоа што имаме големо покачување на цените на
производите и услугите.

„Зголемувањето на минималецот од 2.000 денари нема да
промени многу, затоа што неоправданото зголемување на цените плус повеќе ги
осиромашува граѓаните и работниците. Профитите на алчните газди во целост ја
подгреваат инфлацијата, а не пак да им ги зголемат платите на работниците со
кои едвај го преживуваат тековниот месец. Почитувањето на законската обврска и
регулатива од страна на работодавачите мора да биде во целост, а не делумно.
Според статистиката вредноста на минималната кошница за месец февруари изнесува
51.000 денари за четиричлено семејство, а од друга страна зголемуваме минималец
за 2.000 денари кој не допира до вредноста на цените од секојдневниот живот на
граѓаните. Се бориме за да преживееме“, вели Аризанкоски.

Oд Министерството за труд и социјална политика информираа дека зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата
од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Додаваат дека со измените на законот
за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова
методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната
плата. Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно
податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50 отсто од порастот на  трошоците за живот и 50 отсто од порастот на
просечната плата од измината година.

Сања Атанасовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy