Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што мислат српските граѓани за тоа дека Србија има најголем пораст на плати во светот?
Економија

Што мислат српските граѓани за тоа дека Србија има најголем пораст на плати во светот?

18/05/2023

AA

Откако српските медиуми се
пофалија дека Србија има најголем раст на платите во светот во изминатите пет
месеци, врз основа на податоците
од World of Statistics, ги прашавме српските
граѓани дали се согласуваат со тоа тврдење.

Велат дека дури и ако тоа е
така статистички, сепак во земјата тешко се наоѓа работа, платите не се многу
високи, а младите сакаат да се иселат. Некои информацијата ја земаат со доза на
скептицизам.

„Србија нема најголем пораст
на плати ни во југоисточна Европа, а не знам за кој свет се зборува. Овој во
кој живееме не. Младите тешко се вработуваат. Многу пари се даваат за странски
фирми, кои доаѓаат овде и заминуваат. Земјата е презадолжена. Перспективите се
многу слаби. Како и вие, да сме во ЕУ во која тешко дека ќе влеземе за 20
години, пола држава би отишла надвор. Србија нема решена ситуација со Косово,
така што од некој економски успех нема ништо. Ние сме земјоделска земја каде
земјоделците го истураат млекото“, вели Зоран Шолаја, професор по економија од
Белград.

Додава дека ако земјата е во
проблеми, тогаш не можат да ги стигнат со плати ниту чистачите во Австрија.

Драган А, кој живее во јужна
Србија вели дека платите во овој дел од државата се ниски, околу 40.000 динари,
колку што изнесува минималецот и луѓето едвај врзуваат крај со крај. Објаснува
дека медиумите ја величаат власта, но реално и луѓето кои работат во државно
едвај поминуваат месец, а тешко им е да си платат летување или зимување.

„Младите заминуваат затоа
што нема перспектива. Ништо подобро не е ниту во другите делови на Србија. Како
вели Вучиќ, живееме во „златна доба“, а на народот му е полошо. Сè е подредено за мал број
луѓе на власт, а нè јаде криминалот и корупцијата во спрега со власта.
Полека стануваме колонија за странците, затоа што имаме евтина работна сила и
не мораат да почитуваат еколошки закони“, вели Драган А.

Додава дека сите што се
квалитетни бегаат од земјата и тоа е Србија, а не она што се говори на
провладините медиуми.

Милена И. која живее во
Белград вели дека платите пораснале, но цените скокнале многу повеќе и српските
граѓани сега немаат некоја поголема куповна моќ од претходно.

„Не знам од каде е тој
податок и можеби на поединци навистина во просек, односно драстично им скокнала
платата, но на повеќето луѓе малку им порасна платата и тоа е вистината. Но,
цените отидоа нагоре многу повеќе и се плашам дека не можеме да зборуваме за
подобрување на стандардот на српските
граѓани“, објаснува Милена И.

Србија, која забележа раст од 15,2 отсто, е на првото место на листата, а зад неа, во првите 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија.  Просечната плата во декември лани била 718 евра. Српските власти велат дека во декември ќе биде 816 евра. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/johan111

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy